| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите му порачаа на Заев да не доаѓа на македонски натпревари (видео)

Ниеден политичар во светот не оди на стадион да гледа фудбал, освен ако не игра националната репрезентација против друга репрезентација или евентуално ако е гостин во друга држава како како преставник на својата земја. Кај нас тоа не е случај, вели во изјава за Сител Љупчо Трпезановски, дел од Старата гарда на навивачкиот клуб Комити.
– Дали сте го виделе на трибини за Вардар? – Не никогаш не дошол. Мислам дека не ни знае каде е Градски стадион, мислам дека го донеле, изјави Трпезановски од Комити.
Трпезановски не сакаше да го коментира сепаратизмот, национализмот и вандализмот на Балистите на Шкендија кои го демолираа целиот стадион Филип 2 во четвртокот, направија инциденти по што неколкумина се приведени, а ја уништија и зелената површина во градскиот парк.
– Не е само од сега, со децении наназад се случува истото. Во Кичево го искинаа националното обележје и го искршија стадионот, а полицијата не реагираше. Дојдоа и овде, го искршија стадионот, и повторно не се казнети. Ова да го направеше било кој друг клуб, ќе поминеше до кани и репресии, вели Трпезановски.
zaev skendija

Но, како дел од старата Гарда на Комитите, вели дека сите навивачки клубови треба да се еднакви пред законот
– Апсолутно се сложувам со вашата констатација дека законот треба да важи еднакво за сите навивачки клубови. Без разлика дали се работи за Рудар, Вардар или Шкендија.
Шкендија на овој наптревар загуби 4:0, но тоа и најмалку е важно. Она што најмногу треба да загрижува е која држава ја преставува Шкендија. Иако клубот испрати соопштенија во јавноста со која потенцираше дека ја претставува Македонија низ Европа, доволно е да се погледнат сликите од натпреварот и ќе се забележи дека се веат знамиња на Албанија, на УЧК, и карти на голема Албанија.
Во тоа ги поддржа лидерот на СДСМ Зоран Заев. Сам се пофали на социјалните мрежи.
На јавноста, а посебно на навивачките групи воопшто не им се допадна ова. Дел од навивачките групи му порачаа на лидерот на СДСМ дека веќе не е добредојден на ниту еден натпревар на кој тие ќе играат, како и му порачаа дека ги имаат Гоце (Делчев), Јане (Сандански) и Даме (Груев), а не Џемо Хаса. Со осуда излезе и член на битолските Чкембари кои јавно го покани Заев да присуствува на натпревар на Пелистер, порачувајќи му дека нема да си оди од Тумбе Кафе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top