| четврток, 6 декември 2018 |

Воз прегази жена, обожувала шетање по пругата

Денеска напладне смртно настрада 77-годишна жена, во која удри товарен воз. Жената од Ниш била прегазена во близина на Палилулската рампа кога не успеала да го избегне возот што се движел од правец на Димитровград.

Според очевидци, старицата разговарала со две пријателки кога без никаква најава почнала да се движи по пругата додека наидувал возот.

-Се се слуичи наеднаш, бабата трегнала преку пругата иако машиновозачот почна да свири. И немаше помо, ниту постоеја некакви шанси возот да запре, остана под вагонот, вели еден очевидец.

Роднините на настраданата жена низ солзи коментираа за несреќата. Како што велат, имала обичај да шета и во текот на вчерашниот ден излегла од дома во текот на попладнето.

Никој не знае поради што дошла до Палилулската рампа кога живее на сосема друг крај од градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top