| четврток, 6 декември 2018 |

Крушево како што го доживуваат параглајдеристите (видео)

Оваа прекрасно видео од Крушево на социјалните мрежи го објави Феликс Родригез Фербнандез, професионален параглајдерист.

Крушево од 17 до 23 август беше домаќин на Предсветскиот куп во параглајдерство во дисциплината прелети – крос кантри, што беше еден од најголемите досега одржани вакви натпревари .Овој спорт последниве години на државава и донесе големи резултатски успеси валоризирани низ ранг листите на Светската Воздухопловна федерација ФАИ.

Крушево е оценето како едно од местата на Балканот каде има најидеални услови за овој спорт односно потребната „термика” за летање. Надополнето со убавините на Крушево, беа основните причини овој наш туристички бисер повторно да биде домаќин на овој престижен натпревар од највисока категорија, со учество на над 150 параглајдеристи од 14 земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top