Роднини, соседи и пријатели вчера во Петковци кај Зворник присуствуваа на погребот на дваесетмесечниот Лазар Ребиќ, кој пред неколку дена беше подмолно убиен во Долна Каменица.
Осомничена за убиството е 34-годишната Ф.Д., која била во вонбрачна заедница со вујкото на момчето. Таа е задржана во притвот, а вујкото е пуштен на слобода, но вчера не се појавил на погребот на внучето, чиешто тело, наводно, по свирепото злосторство, го ставил во најлонска кеса и го прекрил со камења и тенок слој земја за да го заташка убиството.
Во Зворник била и мајката на момчето, Роса, која ги оставила Лазар и неговиот деветмесечен брат Марко со таткото Срѓан и без образложение заминала да талка по Зворник и околината.
-Ми се јави и ме праша дали може да дојде на погребот. Во првиот момент не се согласив, но на крајот ѝ дозволив, вели таткото на несреќниот Лазар.
Откако ги напуштила Роса, Центарот за социјална работа во Зворник презел грижа за децата и им ги доверил на нејзините родители, зашто таткото работел и не можел целосно да се грижи за толку мали деца.
-Свештеникот е во цивил, зашто не стигнавме ни да го крстиме Лазар, вели со тага и болка скршениот Срѓан, кого мајка му го оставила кога имал само 3 месеци.
Аваз.ба стапил во контакт со вујкото на децата, кој се плаши да својата безбедност и не го напушта домот. Тој и неговата невенчана сопруга се алкохоличари, но и покрај тоа социјалните служби дозволиле тие да се грижат за децата, кои мислеле дека за тоа ќе добијат парична награда.
За жал, Лазар не ја преживеал тортурата во нивниот дом, а и по несреќата деветмесечниот Марко е во куќата на бабата и дедото иако таму не постојат елементарни услови за престој на бебе.
Мајката не кажала ниту збор на погребот, само го бакнувала ковчегот на невиното дете изнесен во двороти прекриен со играчки.
Белиот сандак на Лазар и играчките во тракторска приколка биле однесенидо неговото почивалиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Дете прегазено на пешачки во Скопје(фото)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат