| четврток, 6 декември 2018 |

Најстариот човек на светот има 145 години: Ги погребал својата жена и деца, а има само уште една желба (Видео)

Маж од Индонезија, како што тврдат светските медиуми, е најстариот на светот со неверојатни 145 години. Според документите во спомената држава, Мбах е роден далечната 1870, пишува британски Сан.

Тој ги надживеал своите десет браќа и сестри, како и четирите сопруги од кои последната му почината во 1988 година. Ниту од неговите деца повеќе нема меѓу живите, па сега од роднини има само правнуци и правнуки.

– Само сакам да умрам, изјавил Мбах за едно телевизиско интервју, кој додал дека животот за него повеќе нема никаква смисла.

Еден од правнуците на овој човек изјавил дека Мбах се спрема за смрт уште од својата 122 година. Тој деновите ги минува само слушајќи радио, а го бањаат и ранат неговите роднини затоа што не може самиот да се грижи за себеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top