| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва погледнете во небо и замислете желба: Се остваруваат сите, а посебно љубовните (Видео)

Овој викенд Венера и Јупитер се спојуваат во Вселената и ова е исклучително ретко доживување кое ќе се повтори за половина век. Овие две планети нема да се спојат во буквална смисла, само на човечкото око ќе му изгледаат споени. Всушност, тие ќе бидат раздвоени со милјарди километри.

Сличните планетарни конјукции се прилично чести, и се случуваат неколку пати во текот на деценијата. Меѓутоа спојувањето на Венера и Јупитер е ретко. Следниот пат ќе се случи во 2065 година. Конјукцијата им е битна на оние кои веруваат во астрологија.

Сите желби кои ноќеска ќе си ги замислите би требало да се остварат, а најдобро е да се замисли љубовна желба затоа што Венера е синоним за љубов и вредност, а Јупитер за добротворство.

Малата среќа и големата среќа заедно не можат да бидат ништо друго освен среќа. Значи љубов, финании и секако како на кој што ќе му падне во наталната карта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top