Напаѓачот на Ливерпул, Лазар Марковиќ сигурно ќе го напушти клубот во летниот преоден рок, бидејќи менаџерот Јирген Клоп проценил дека тој не му е потребен во тимот.
Во англиските медиуми се појавија информации дека Марковиќ има понуди од Милан, Спортинг Лисабон и Шалке, а постои и опција најпрво српскиот фудбалер како позајмен играч да замине во друга средина, а потоа новиот клуб да му го откупи доворот.
Марковиќ не беше меѓу пријавените на првите два натпревара во Премиер лигата против Арсенал и Барнли, како и во дуелот од Лига Купот против нисколигашот Бартон Албион. Тој е член на Ливерпул од 2014 година.
На „Енфилд“ беше најавен како големо засилување од Бенфика, но не ги исполни очекувањата на „црвените“. Минатата сезона играше за Фенербахче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.