Калчолигашот Милан во наредниот период ќе го официјализира трансферот на долгогодишниот фудбалер на Ливерпул, Лукас Леива, пренесуваат медиумите од Италија.
Неговиот договор со тимот од „Енфилд“ истекува за година дена, а Милан и Ливерпул постигнале солгасност за трансфер на Леива кој ќе чини 4 милиони евра. Тој во изминатиот период се поврзуваше со трансфер во Интер, но многу е веројатно дека во новата сезона ќе го гледаме во дресот на „росонерите“.
Исто така, се шпекулира дека и Лазар Марковиќ е ’мета’ на Милан во овој трансфер период, и нема да биде за изненадување доколку двајцата фудбалери во пакет пристигнат на „Сан сиро“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.