| четврток, 6 декември 2018 |

Правни совети за граѓаните од настраданите подрачја во Гази Баба

download

Општина Гази Баба информира дека во понеделник, среда и петок (29.08, 31.08, 02.09) од 10 до 13 часот во Месната заедница Стајковци и од 13 до 14 часот во Месната заедница Ченто ќе се одржат средби со граѓани од страна на овластеното здружение за обезбедување на претходна правна помош, Македонско здружение на млади правници – МЗМП Скопје, чија помош треба да им олесни на граѓаните во закрепнувањето од последиците од природната непогода.

Помошта вклучува информации и совети за постапката за надомест на штета предвидена со Законот за заштита и спасување на лицата од засегнатите места кои што претрпеле штета од поплавите.

Сите заинтересирани лица од настраданите подрачја во Гази Баба можат да се обратат во наведените термини во просториите на МЗ Ченто и МЗ Стајковци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top