Во текот на денешниот ден, како и изминатите денови, градоначалникот на општина Гази Баба – Тони Трајковски, со дел од општинската администрација беа на терен во населените места, кои беа погодени од невремето пред неколку денови. При обиколката на терен, градоначалникот правеше координација на активностите околу расчистувањето на објектите и патната инфраструктура, обезбедуваше потребна дополнителна опрема и логистика и учествуваше во расчистувањето на објектите во населените места Сингелиќ и Стајковци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.