Општина Гази Баба информира дека во понеделник, среда и петок (29.08, 31.08, 02.09) од 10 до 13 часот во Месната заедница Стајковци и од 13 до 14 часот во Месната заедница Ченто ќе се одржат средби со граѓани од страна на овластеното здружение за обезбедување на претходна правна помош, Македонско здружение на млади правници – МЗМП Скопје, чија помош треба да им олесни на граѓаните во закрепнувањето од последиците од природната непогода.
Помошта вклучува информации и совети за постапката за надомест на штета предвидена со Законот за заштита и спасување на лицата од засегнатите места кои што претрпеле штета од поплавите.
Сите заинтересирани лица од настраданите подрачја во Гази Баба можат да се обратат во наведените термини во просториите на МЗ Ченто и МЗ Стајковци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе се проширува топловодната мрежа во повеќе населени места во Гази Баба
-
Градоначалникот Тони Трајковски се сретна со жителите на Инџиково и Питу Гули
-
Трајковски: Дивата сеча на шума не била пресудна за поплавата
-
Градоначалникот Тони Трајковски и општинската администрација на терен и четврти ден по невремето