Полицијата вчера го уапси мажот осомничен дека во повеќе наврати пукаше во возила во движење, а потоа побегна во една зграда во Нов Белград. Полицајци во цивилна облека неколу часа ја држеле под опсада зградата каде тој се скрил, за потоа да го уапсат. За време на оваа акција, во делот од градот кој е густо населен и со многу висококатници се создаде голема паника и страв кај жителите затоа што никој не знаеше кој може да биде следната жртва и од каде пука напаѓачот.
Еден од станарите на зградата каде напаѓачот се сокрил, се јавил да пријави дека забележал непознат маж на горните спратови во вискокатницита на улица Јуруј Гагарин бр.241.
Човекот кој сега е уапсен, а кој со пукањето од огнено оружје го крена Белград на нозе, се вика Александар С. (44) со прекар Пиле, а живеел во една од зградите во близинаа на онаа каде се скрил по нападот.
Како што информираа српските медиуми, тој пред седум дена се вратил од Бразил, а во минатото имал проблеми со наркотици. Исто така, Александар во Србија лежел затвор 5,5 години заради тежок грабеж.
Тој на крајот на полицијата акција која траела цели 18 часа бил уапсен откако обидувајќи се да побегне од полицајците, скокнал од високо приземје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.