| четврток, 6 декември 2018 |

Нова акција: Од Скопје и Куманово оделе во Сирија да војуваат за терористите на ИСИЛ

Министерството за внатрешни работи ја продолжи акцијата „Ќелија“ која се однесува на лица осомничени за учество во странски војски и паравоени формации.

Според првичните информации, изминатиов период уапсени се 5 македонски државјани во Турција и истите и се испорачани на Македонија.

Осомничените, на кои неофицијално им е одреден притвор, се од Скопје и Куманово.

Детали за продолжувањето на акцијата и дејствието на осомничените ќе бидат соопштени денес на прес-конференцијата закажана во МВР во 12 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top