Возбудувањата на „Олд тафорд“ не стивнуваат по вчерашното шокантно повлекување на менаџерот Алекс Фергусон, а „Дејли мејл“ најавува жешко лето во Манчестер, во таборот на Јунајтед. Според британскиот медиум, Вејн Руни е на излезната врата, а кај „црвените ѓаволи“ се враќа Крситијано Роналдо.
„Руни оди во аут, доаѓа Роналдо“ е насловот на „Дејли мејл“. Новинарите оттаму тврдат дека извршниот директор на Манчестер јунајтед, Дејвид Гил, бил во Мадрид, на состанок со агентот на Роналдо, Хорхе Мендес.
Интересот на новиот англиски шампион за враќање на Кристијано на „Олд трафорд“ се засили годинава, а можно е Португалецот да се врати особено по веќе извесното заминување на Жозе Мурињо од Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


