| четврток, 6 декември 2018 |

Паднал во провалија – Осум лица загинаа при несреќа со минибус во јужна Турција

minibus

­ Најмалку осум лица загинаа, меѓу кои и деца, при денешната несреќа со минибус во јужна Турција, јави турската телевизија „Си­Ен­Ен Турк“.

Минибусот паднал во провалија со длабочина од 30 метри во провинцијата Хатај, околу 11.00 часот по локално време. При инцидентот загинале осум лица, а останатите 18, кои се повредени, пренесени се во болница и укажана им е лекарска помош. Повеќето патници во минибусот биле сириски државјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top