Најмалку осум лица загинаа, меѓу кои и деца, при денешната несреќа со минибус во јужна Турција, јави турската телевизија „СиЕнЕн Турк“.
Минибусот паднал во провалија со длабочина од 30 метри во провинцијата Хатај, околу 11.00 часот по локално време. При инцидентот загинале осум лица, а останатите 18, кои се повредени, пренесени се во болница и укажана им е лекарска помош. Повеќето патници во минибусот биле сириски државјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.