| четврток, 6 декември 2018 |

Реал се разигра, пред Мурињо да си замине (видео)

Реал Мадрид се разигра, пред разделбата со Жозе Мурињо, а синоќа „кралевите“ ја декласираа Малага со 6-2. Можеше да падне и „седмица“, ако Роналдо не промашеше пенал. Интересно е што шестмина различни играчи на Реал се запишаа во листата на стрелците, и ако се додадат и Роке Санта Круз и Антуњеш кои ги дадоа головите за Малага, тоа се осумина играчи што погодуваа синоќа на „Сантјаго Бернабеу“. За домашната екипа прецизни беа Албиол, Роналдо, Озил, Бензема, Модриќ и Ди Марија. Фестивал од голови што вреди да се погледне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top