| четврток, 6 декември 2018 |

И официјално, ова се новите промени во Лигата на шампионите

УЕФА донесе одлука да промени некои работи во најелитното фудбалско натпреварување на стариот континент. Првичната одлука е овие помени во Лигата на шампионите да важат од сезоната 2018/2019 и ќе траат до 2020/2021, заклучно со таа сезона.

Деталите се објавени на официјалната веб-страница на УЕФА. Еве ги промените:

– Победникот во Лига на Европа ќе се пласира директно во Лига на шампиони (досега постоеше можност да игра во плејоф рундата од квалификациите за ЛШ)

– Четирите првопласирани тимови од четирите најдоброрангирани лиги во Европа ќе изборат директен пласман во ЛШ

– Историскиот аспект ќе биде земен предвид, клубовите кои досега освојувале ЛШ или ЛЕ ќе имаат дополнителни коефициенти

– Клубовите ќе добиваат повеќе пари, дополнително ќе се знае колку точно

– Клубовите ќе зависат сами од себе во однос на коефициентот, нема да се гледа националниот коефициент

Промени нема да има во форматот на Лигата на шампиони, остануваат 32 екипи поделени во 8 групи по 4 тима. Покрај тоа, 16 клуба ќе обезбедат учество во осминафиналето, значи тука ништо нема да се промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top