Тимот на Вест Хем синоќа не успеа да влезе во групната фаза од Лига Европа, откако по поразот на домашен терен од 0:1 беше елиминиран од романската екипа на Астра.
Ефикасноста на клубот од Лондон е најголемиот проблем, па таборот на „чеканите“ веќе подолго време работеше на ангажирање на нов напаѓач.
Како што потврди и Славен Билиќ, Вест Хем е пред договор со Јувентус за Симоне Заза. Билиќ беше прилично бесен на својата екипа, што дозволија да бидат елиминирани од Европа оваа сезона.
– Не ги знам деталите, но Вест Хем е многу блиску до потврдување на договор со Јувентус за играчот Симоне Заза, истакна хрватскиот тренев по вчерашниот меч.
За услугите на овој фудбалер, Вест Хем на сметката на Јувентус ќе исплати 28 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.