Крис Еверт, поранешната прва тенисерка во светот, и освојувач на 19 Грен слем трофеј, смета дека Штефи Граф во минатото немала да освои 22 Грен слемови, доколку Моника Селеш не беше кукавички од зад грб избодена во минатото.
Прочуената југословенска тенисерка Моника Селеш беше кукавички избодена од фан на Штефи Граф во Хамбург, и потоа таа никогаш повеќе не беше истата тенисерка, бидејки по тој инцидент, таа освои само уште еден Грен слем трофеј, Австралија Опен, што беше како кочница за нејзината кариера.
-Доколку Моника не беше избодена со 23 сантиметри рана на телото во 1993 година, сега немаше да се зборува за Серена Вилијамс и за нејзиниот обид да го собори рекордот на освоени Грен слемови во Опен ерата. Американката денес немаше да има потреба да ја брка Штефи Граф, која во голема мера до тие трофеи стигна благодарение на тоа што Селеш по убодот, не беше истата тенисерка“, смета Крис Еверт.
Во денешно време, Серена Вилијамс е апсолутно доминантна тенисерка, и ретко на кој турнир некоја од тенисерките може да и парира на Американката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.