Откако француски локални власти забранија буркини, многумина на Твитер видоа лицемерие на градоначалникот на Ница, додека забележуваат дека полицајците немаат проблем со чесните сестри на плажата.
-Вооружени полицајци присилија жена да се соблече. Кој дел од оваа речеиница ви е во ред- прашува еден од твитерашите.
-Борбата против еден наметнат стил за облекување на жени со наметнување друг стил на облекување за мене нема некоја смисла- се надоврзува друг.
-Франција е полна со монахињи. Колку што гледам ним никој не им вели да се соблечат- се додава во друг коментар.
Во забраната буркината не е наведена со име, но вметнат е растеглив поим „прифатлива облека“ што се толкува од случај до случај. Ваков вид на полиција постела во 20-тите години на минатиот век кога на плажите биле мерени должините на женските костими за капење. Оние кои имале прекуси костими биле апсени.
Жената која што полицајците ја натераа да се соблече воопшто не носела буркина ниту имала намера да влезе во вода. затоа целиот случај се коментира како напад врз жена а не како одбрана на секуларните вредности.
-Во мојот свет, кога маж со оружје и вели на жена да се соблече, тоа е сериозен напад, а не секуларна вредност- се додава во коментарите на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.