Наградата за најдобар гол во изминатата сезона од УЕФА, втора година по ред, ја доби еден од најдобрите фудбалери на денешницата.
Повеќе од третина од вкупниот број на гласови ги доби Лионел Меси, за неговиот гол во меч од Лигата на Шампиони против Рома, кој Барселона го добија со 6-1.
Се работи за вториот гол на Каталонците на тој натпревар, кој беше постигнат како резултат на сјајната акција на играчите на Барса, а Меси ја заврши со брилијантен лоб удар во мрежата од голот.
Овој погодок доби 73.331 глас, што е 34% од вкупниот број на гласови и двојно повеќе од било кој друг гол кој се најде на листата.
На второто место се наоѓа голот на футсал ѕвездата Рикардињо, кој го постигна на Европското првенство во победата на Португалија против Србија со 3-1.
На трето место е мајсторијата на Џердан Шаќири од Европското првенство, четврти е фудбалерот на Олимпик Лион, Камил Алиби, а слаломот на Нигуез против Баерн во полуфиналето од ЛШ е на петтата позиција.
Погледнете ги сите номинирани голови.
Кај голманите, пак, наградата за најдобра одбрана ја доби легендарниот унгарски голман, Габор Кирали, кој на последното ЕП го урна рекордот како најстар играч кој настапил на континенталниот собир.
Погледнете ги сите номинирани одбрани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)