| четврток, 6 декември 2018 |

Со СДСМ никогаш на чисто: Услови за избори во декември има, но може повторно да избега во последен момент

Создадени се сите услови за избори во декември, но кога станува збор за СДСМ, секогаш треба да се има резерва дека членовите на оваа партија може да го променат својот став и повторно да избегаат, и да постават некој нов услов, смета политичкиот аналитичар Владимир Божиновски. Според него, со СДСМ секогаш треба да се биде внимателен.

 Овој пат се очекуваат избори, но со СДСМ никогаш не се знае. Двата нивни изговори поради кои се одложуваа изборите веќе не држат. СДСМ сакаше да се извади на тоа дека тие што нема да се пријават, се фантоми. Но, јасно е дека тоа се живи, реални луѓе, и дека не станува збор за никакви фантоми, бидејќи нивните гласови не се искористени, анализира Божиновски за Телеграф.мк.

Според него, симптоматично е зошто раководството на СДСМ јавно не излегува да каже дека ќе учествува на изборите.

Не е исклучено да тактизираат и во последен момент да излезат со некое ново барање што не беше дел од преговорите. Иако тоа сега звучи нереално, не треба да се исклучи, додава Божиновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top