Приврзаници на Социјалдемократскиот сојуз преку социјалните мрежи јавуваат за тепачка на конференцијата на Општинскиот одбор на СДСМ во Кавадарци.
Според информациите на партиски членови, локалното раководствo на партијата предложило шест члена на Централниот одбор, сите блиски до најблискиот соработник на Бранко Црвенковски – Игор Ивановски.
Ниту еден од нив не добил доверба на конференцијата, па раководството се обидело да ги фалсификува резултатите од гласањето.
Револтираното и незадоволно членство потоа ги нападнало секретарот и претседателот на општинската организација на СДСМ, по што состанокот бил прекинат.
Претходно активисти на партијата информираа за сличен инцидент кој во текот на денот се случил и во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.