| четврток, 6 декември 2018 |

РТС му одговори на О’Брaјaн: Тука Американците се како мали деца (Видео)

rts

Американскиот водител и комичар, Конан О’Брaјaн се потсмеваше со кошаркарите на Србија откако во неговата емисија ги претстави како мали деца со кои играчите на САД се поигруваа како што сакаат, сакајќи да го отслика финалето на Олимпијадата.

– Солидна шега, а ова е нашиот одговор, истакна водителката на вестите на РТС која на американците им одговори со видео од најдобрите потези на српските кошаркари во натпреварот против Дрим тимот, но не од финалето (96:66), туку од натпреварот од групната фаза (94:91) во кој Србите на неколку пати тотално ги надиграа Американците, а имаа и шут за изедначување на крајот.

– Злонамерно е да се каже дека тука Американците изгледаат како мали деца, но дефинитивно се малку збунети, изјави таа.

На крај за Конан пуштиле и снимка од натпреварот од Индијанаполис од 2002 година во кој Србите и Црногорците издвојуваа победа против тимот на САД.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top