| четврток, 6 декември 2018 |

Едноставно е проколнат: Секој што го имал овој број на телефон во последните 10 години е мртов!

Постои проколнат број на телефон! Не верувате?! Секој што го имал во последните 10 години завршил мртов!

Мобилните оператори пред неколку години го укинаа бројот на телефонот 0888 888 888 откако секоја личност која го имаше тој број во последните десет години заврши мртва, пишува „Дејли мејл“.

Првиот сопственик Владимир Грашнов бил еден од извршните директори на бугарската мобилна компанија кога одненадеж умрел од рак на 48 годишна возраст.

Бројот потоа преминал во сопственост на бугарскиот тајкун Константин Димитров, кој беше убиен во 2003 година во Холандија. Димитров имаше 31 година, а убиството му беше припишано на рускиот ривал.

„Проколнатиот број“ на телефеон потоа преминува во сопственост на бизнисменот Константин Дишлиев кој беше убиен пред индискиот ресторан во Софија во 2005 година. Дишлиев бил смртно погоден токму во моментот додека разговарал на телефон.

По неговото убиство, полицијата откри некакви сомнителни зделки со дрога, па бројот на телефонот бил укинат додека траела полициската истрага.

Сепак, ако сега се обидете да се јавите на +359 888 888 888 (како што гласи бројот доколку се јавувате од странство) операторот ќе ви соопшти дека тој е „надвор од функција“.

Официјалните лица на мобилната компанија не сакаат да го коментираат овој случај, но потврдија дека „малерозниот број“ е исклучен на неопределено време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top