| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна состојба во Италија: Бројот на жртви се искачи на 247, има над 350 повредени (Видео)

Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што вчера ја погоди централна Италија се искачи на 247, а според локалните власти нивниот број и натаму ќе расте бидејќи сѐ уште се трага по затрупани под урнатините.

Italija zemrotres

Засега има 350 повредени, од кои над 100 се во критична состојба. Италијанскиот премиер Матео Ренци најави дека денеска ќе биде прогласена вонредна состојба.

Italija zemrotres

Утрово истото подрачје е погодено од нов земјотрес со јачина од 4,7 степени, а според податоците на американскиот Геолошки завод епицентарот бил на 7 километри источно од градот Норча.

Italija zemrotres

Во Норча, кој се наоѓа на 170 километри северозападно од Рим, беше и епицентарот на вчерашниот разорен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер, кој речиси ги срамни со земја околните градови Аматриче, Акумоли и Пескара дел Тронто.

Italija zemrotres

italija3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top