| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Бресница – Таксист крвнички убиен заради 180 динари

taksi nasilstvo

Возач на крагуевското “Мегa” такси Б.Џ. (66), синоќа околу 22.10 часот бил убиен во населeното место Бресница, а постојат сомневања дека го усмртил Н.Д. (34) од Крагуевац кој немал да му плати 180 динари за возењето.

За неколку часа полицијата го расветлила ова убиство, го идентификувала и уапсила осомничениот кој е сега во притвор.

-Н.Д. на таксистот не сакал или немал пари да му плати за возењето, а кога возачот се обидел да го фати за да не оддалечи од возилото, патникот физички го нападнал и му задал повеќе удари го главата и телото по што побегнал во непознат правец. Жртвата примила удари и од засега непознат тврд предмет, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Безживотното тело на таксистот било пронајдено во неговот возило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top