Десетгодишно девојче живо е извлечено од под урнатините во италијанскиот град Пескара дел Тронто каде била заробена повеќе од 17 часа.
- Жива е! викнаа спасителите, по што следуваше силен аплауз. Девојчето е префрлено во болница каде и е укажана лекарска помош. Неверојатно, но според лекарите, таа немала посериозни физички повреди.
На снимката се гледаат само нозете од девојчето прекриени со прашина и спасители кои очајнички се обидуваат да ја ослободат од урнатините. Еден од спасителите се слуша како зборува: Се слуша нешто одоздола. ТИвко. Тивко!
Потоа го повика детето слободно да се движи а друг спасител пред да ја извлечат и довикува: Ајде Џулија, пази на главата!
Во разорниот земјотрес загинаа најмалк 247 луѓе, а уште 268 се повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)