Американските медиуми зборуваат за новиот скандал на УФЦ борачот во тешка категорија и кечерска ѕвезда Брок Леснар. Само неколку недели по УФЦ 200, но и откако падна на допинг-тест, Леснар повторно ја згрози јавноста, пишува Фајтсајт.
Овојпат инцидентот се случи на ВВЕ Саме слам, каде штоги одмери силите со Ренди Ортон, кого го совлада со технички нокаут. Проблемот е што Леснар ја сфати својата работа пресериозно, па Ортон многу настрада во двобојот. На крајот на мечот Брок буквално му ја отвори главата на Ортон. Иако таквите ситуации се планираат во овие борби, па се внимателно исценирани, овојпат крв во потоци потече по арената. Завладеа паника околу рингот, па дури интервенира и лекарска екипа.
Скандалот го коментира и Марк Хант, последниот противник на Леснар во УФЦ и голем непријател, кога се дозна дека УФЦ првакот паднал на допинг-тестот.
„За ова треба да биде суспендиран трајно“, и соикона од шприцсугерира дека ова се случило поради употребата на стероиди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)