Дваесет и едногодишна туристка од Британија е избодена до смрт, две лица се ранети, од кои едно тешко, во хостел во Австралија, во напад за кој тамошната полиција смета дека може да има „екстремистичка заднина“.
Портпаролот на полицијата во Квинсленд изјави дека е осомничен 29-годишен Французин, кој извикувал „Алах акбар“ во текот на нападот и повторно во моментот кој бил уапсен.
Полицијата работи на откривање на мотивите за нападот, а освен екстремизам, се разгледува можноста да се работи за ментално растројство или за проблеми со дрога. Едиствено полицијата со сигурност знае дека лицето делувало самостојно.
Британката починала на самото место, додека другото лица кое е на возраст од 30 години е префрлено во болница во критична состојба, соопшти полицијата. Третото лице се здобило со повреди по нозете и во меѓувреме е отпуштено од болница.
Нападот се случил во Таунсвил, соопшти полицијата, додавајќи дека триесетина лица биле сведоци на инцидентот.
Британскте и австралиските медиуми ја идентификуваат жртвата како Мија Ајлиф Чанг од Дербишир, која била во Австралија на работен одмор.
Австралија се соочува со растечки број на домашни радикални исламисти од 2014 година кога властите предупредија за постооење бројни ќелии. Повеќе од 100 лица ја напуштиле Австралија за да се борат во Сирија од страната на Исламската држава, предупреди годинава австралиското Министерство за надворешни работи.
Во вторникот ФБИ соопшти дека истражува сличен напад во Вирџинија, кога осомничен со истите зборови усмрти маж и жена со нож. Слични напади имаше и во Франција, Бангладеш и во Германија.
Во австралија веќе се регистрирани неколку осамени волци од 2014 година наваму. Во кафетерија во Сиднеј беа убиени двајца заложници во 2014 година, а во Мелбурн полицијата усмти тинејџер откако тој застрела дваја полицајци.
Минатата година 15-годишно момче пукаше на полицијата, а потоа беше застрелано.
Полицијата не открива детали за третото лице повредено во нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)