| четврток, 6 декември 2018 |

Рома и Виљареал елиминирани, Порто и Монако во ЛШ (видео)

Вечерва се одиграа пет реванш-натпревари во завршната фаза од квалификациите во Лигата на Шампиони.

roma-porto

Иако Рома важеше за фаворит во дуелот со Порто, откако во првиот меч изигра нерешено 1-1 во Португалија, работите за „волчицата“ тргнаа во непосакуван правец. Во Рим Порто поведе уште во 8. минута од натпреварот. Португалскиот претставник ја шокираше Рома на „Олимпико“ и со 3-0 на гостински терен обезбеди место во европската елита. Главна причина за убедливиот пораз на Рома се двата црвени картони на Дероси во 39. и Емерсон во 50. минута.

Фудбалерите на Порто го искористија тоа, Лајун и Корона постигнаа уште два гола за убедлив триумф и пласман во групната фаза од ЛШ.

Монако го совлада Виљареал со гол од пенал во 91. минута и со вкупни 3-1 си обезбеди место во ЛШ. Шпанскиот тим ќе се задоволи со пласман во Лига Европа.

Израелскиот клуб Хапоел Бер Шева на домашен терен славеше со 2-0 над Селтик, но недоволно за пласман. Првиот меч во Шкотска го загубија со 5-2. Селтик со вкупни 5-4 обезбеди пласман во групната фаза од ЛШ.

Полскиот клуб Легија одигра 1-1 против ирскиот Дундалк, но благодарение на гостинската победа од 2-0 оди понатаму.

Во Лигата на Шампионите ќе има место и за бугарскиот Лудогорец кој одигра 2-2 во Чешка против Плзен. Првиот меч го доби со 2-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top