Државната изборна комисија денеска на седница треба да го разгледа и усвои извештајот за спроведената постапка за пријавување граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците.
Рокот за пријавување на спорните гласачи во канцелариите на ДИК и преку веб- апликацијата на веб-страницата на Комисијата заврши во петокот. Пријавувањето почна на 26 јули, а како спорни беа објавени имињата на 39.502 гласачи.
До истекот на рокот, до Државната изборна комисија се доставени 8.922 пријави. Од нив, 3.620 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 5.302 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата.
ДИК има на располагање 10 дена од завршување на рокот за да направи дополнителни контроли или лично да контактира со спорните гласачи. Оние кои не се пријавени во предвидениот рок нема да бидат запишани во Избирачкиот список, но ќе добијат можност тоа да го направат за време на јавниот увид на списокот пред парламентарните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот