| четврток, 6 декември 2018 |

Лос Анџелес го слави Коби, 24.08 е „Денот на Црната Мамба” (видео)

Градскиот совет на Лос Анџелес донесе одлука 24 август да го прогласи за „Денот на Коби Брајант”.

Легендарниот кошаркар на крајот од регуларниот дел од сезоната реши да се повлече од активното играње кошарка, по 20 години поминати во ЛА Лејкерс.

kobe-bryant-career-stats-graph

„Градот на ангелите” смисли начин како да му се одолжи на „Црната Мамба” – 24 август (24.8. – броевите на дресот кои ги носеше во неговата кариера) ќе се прославува како „Денот на Коби Брајант”.

– Ова е начин градот Лос Анџелес, навивачите и целиот регион да му се заблагодариме за целосната посветеност и неговите достигнувања. За 20 години сите имавме придобивки од неверојатниот талент и легендарната работна етика на Коби, затоа на 24.08. сите ќе се собираме во негова чест за да му кажуваме ‘фала ти Коби’ – изјави Хозе Хузијар, член на градскиот совет на ЛА.

kobe-bryant-career-stats-graph2

Коби Брајант во текот на својата кариера одигра 18 ол-стар натпревари и освои 5 титули (2000, 2001, 2002, 2009, 2010 година). Тој е на третото место на вечната листа на најдобри стрелци во НБА лигата со 33.643 поени. Со репрезентацијата на САД има освоено два златни медали на олимпијадите во Пекинг 2008 и Лондон 2012.

ТОП 10 потези во неговата прва сезона во НБА:

ТОП 100 потези во неговата кариера:

ТОП 5 потези во неговите настапи за дрим-тимот:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top