Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа во 1. коло од квалификациите на УС Опен ќе игра против 17-годишната Кетрин Белис од САД.
Американката се наоѓа на 158. место на ВТА листата и ова за неа ќе биде втор настап на УС Опен по 2014 година.
Белис има еден триумф на фјучрс турнир од 25.000 долари во 2016 година, а пред две недели настапи и на турнирот во Стенфорд каде во 1/4 финалето загуби од Венус Вилијамс.
Лина Ѓорческа оваа недела се наоѓа на 222. место на ВТА листата и од таа позиција ќе ги стартува квалификациите на УС Опен (Грен слем турнир).
Според програмата мечот ќе се игра утре, а првите дуели од квалификациите почнуваат попладнево од 17 часот по македонско време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.