Српската пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ била убиена на брутален начин така што убиецот ѝ ја бушел главата со метален предмет, пишува српски „Ало“ повикувајќи се на извори блиски на истрагата. Според информациите на таблоидот, Јелена била усмртена со предмет со метален врв, кој бил благо закривен. Ударите во глава со тој предмет ѝ направиле дупки во черепот.
-Обдукцијата на убиената пејачка покажала дека убиецот на повеќе места ѝ го скршил черепот и на тој начин ја усмртил. Истрагата оди бавно, но се движи во вистинска насока затоа што сѐ уште се во тек бројни сложени вештачења. Имено, на самиот насип се мешаат две базни станици на мобилни оператори, па оперативците таа работа ја вршат рачно, односно ги вкрстуваат и проверуваат личностите чиишто мобилни сигнали се фатени во моментот кога се случило злосторството – наведува изворот. Тој, исто така, наведува дека на основа на трагите најдени на терен утврдено е дека Јелена се симнала од насипот и се шетала по долната страна, но, како што вели, интересно е дека нејзиниот сопруг не ја видел иако погледот е добар и прегледен.
За време на истрагата е пронајдена снимка на која се гледа како Зоран, Јелена и нивната ќерка Јана доаѓаат во населбата Црвенка и го паркираат автомобилот пред продавницата. На снимката се гледал и дел од насипот, како и моментот кога Јелена тргнува да трча. Тогаш Зоран и Јана стојат во непосредна близина на стадионот и цело време гледаат кон неа.
Јелена беше убиена на 2 април годинава. Нејзиното тело е пронајдено неколку часа подоцна во канал полн со вода во истата населба. Исчезнувањето го пријавил нејзиниот сопруг Зоран кој тврдеше дека тргнал со сопругата и ќерката на прошетка, и дека Јелена отишла да трча на насипот, по што ѝ се изгубила трагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија


