| четврток, 6 декември 2018 |

Престедателот Иванов до ВМРО-НП: Ако не се извините ќе ве тужам

ivanov-gjorgje

Претседателот Ѓорге Иванов бара јавно извинување од ВМРО-НП до сите бранители, до членовите на семејството на претседателот што во 2001 беа на браникот на татковината, и извинување до него лично како граѓанин и како претседател на Република Македонија.

Во спротивно, ВМРО-НП ќе се соочи со тужба за клевета”, информира Кабинетот на шефот на државата по денешните обвинувања на партијата дека Иванов бранителите за време на конфликтот во 2001 година ги нарекувал убијци и криминалци.

„На лидерот на ВМРО-народна партија би му порачале наместо да шири клевети од најнизок вид, да размисли за своите постапки во 2001, за договорите за поделба на државата и размена на население и територии“, велат од претседателскиот кабинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top