| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Киров е новиот директор на балетот на ХНК во Сплит

Хрватските медиуми известуваат дека на местото на Динко Богданиќ, кој досега беше вршител на должност, директор на балетот во ХНК-Сплит, доаѓа Македонецот Игор Киров.

Киров за тамошните медиуми изјавил дека нема зборови со кои би ја опишал радоста, задоволството и среќата што има ансамбл како што е сплитскиот.

Бидејќи станува збор за странец, пишуваат медиумите, Киров ќе добие работна дозвола на една година. постапката трае 60 дена, па оттаму Киров ќе стапи на функцијата на 18 октомври.

-Во сезоната ќе имаме и класичен и модерен репертоар. Ги следиме западните трендови и се она што го има Европа, ќе го имаме и ние. Не се откажуваме од класичниот балет затоа што станува збор за национална театарска куќа, но ќе ги следиме трендовите и ќе има за секого по нешто, вели Киров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top