Британскиот католички свештеник 72-годишниот Ендрју Чарлс Кингстон Сопер, обвинет за девет сексуално злоставување на деца, уапсен е во неделата на лондонскиот аеродром по петгодишното бегство во Косово, објави британската полиција. Уапсен е веднаш по доаѓањето од Косово и веднаш е затворен. Обвинет е за сексуално злоставување деца во периодот меѓу 1972 и 1986 година.
Со неговото апсење се завршува долгата правосудна битка меѓу Велика Британија и Косово, каде што Сопер беше познат како „отец Лоренс“.
Британскиот свештеник беше уапсен на Косово, каде што се криел, врз основа на европски налог за апсење кој го издаде Велика Британија. Од тогаш тој се наоѓаше во притвор, но пред две седмици косовското правосудство по вторпат одби да го екстрадира. Приштина ваквото одбивање го аргументираше со фактот дека „обвиненијата кои го товарат наскоро би требало да станат застарени“.
Нема информации дали неговото враќање е резултат на некој договор со Косово или, пак, Сопер се вратил во Лондон по сопствена волја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации