| четврток, 6 декември 2018 |

Mасакр во Алабама, петмина убиени на спиење, преживеало четиримесечно бебе

Едно четиримесечно бебе е единственото преживеано во нападот во кој во куќа на југозапад од американската сојузна држава Алабама се убиени пет лица, вклучувајќи и една бремена жена, информираа денеска локалните власти.
Полицијата го пронашла детето во куќа во градот Ситронел, по пукотницата што се случила доцна синоќа, изјави портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Мобајл, Пол Берч.

– Жртвите се убиени со огнено и друго оружје – изјави тој не наведувајќи ги деталите од настанот, пренесе „Си-Ен-Ен“.

160821-derrick-dearman-jpo-1240p_503004ff4a852b30093ece14b6dcbec0.nbcnews-ux-600-700

Неколку часа по убиствата на полицијата ѝ се предал Дерик Рајан Дирман (27), кој го признал ова свирепо дело, а полицајците се обидуваат да утврдат во каков однос бил тој со жртвите.

Засега е познато дека во убиството биле користени повеќе оружја.

Во меѓувреме, полицијата ги идентификувала жртвите Челси Мари Рид (22), Шенон Мелиса Рандал (35), Роберт ли Браун (26), Џастин Калеб Рид (23) и Џозеф Адам Тарнер (26).

160821-alabama-murder-victims_1fa317c603f73bdf7afc698dcf3e18dd.nbcnews-ux-600-480

Злосторството го пријавила 24-годишната Ланета Лестер, која во полиција пријавила дека нејзиното момче Дирман убило повеќе луѓе.

Лестер се засолнала во куќата кај роднини, но засега не е познато кој од загинатите е во роднинска врска со неа. Лестер и Дирман биле во проблематична врска, а таа подолго време се обидувала да се ослободи од него. Ноќта околу 1 часот некој од куќата пријавил во полиција дека Дирман упаднал, но полицијата не го нашла во близина на куќата и на дворот. Набрзо, се вратил и ги убил на спиење, а Лестер и преживеаното дете ги принудил да влезат во автомобил и ги однесол во куќата на неговиот татко во Грин Каунти, а потоа се предал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top