Хотели „Метропол“ од Охрид за првиот квартал од годинава забележале пад на приходите од 17,16 отсто и загуба од 240.000 евра во однос на истиот период лани.
Хотелите оствариле вкупен приход од околу 109.000 евра, што е намалување за 17,1 отсто во однос на истиот период од минатата година, а вкупните расходи во износ од 348.000 евра се за 17,3 отсто помали во однос на расходите во истиот период од 2012.
Намалување има и во бројот на остварени ноќевања – актуелната бројка е 2.723, за разлика од остварените 3.382 ноќевања за истиот период лани.
Од компанијата велат дека негативниот финансиски резултат е очекуван, со оглед на периодот во кој има помал број на гости. Хотели „ Метропол“ очекуваат подобри резултати во наредниот период, со оглед на тоа дека имаат „доволен број резервации за наредниот период“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.