Галичица има потенцијал за развој на спелеолошки туризам. По теркот на балканските земји особено во Словенија и Србија каде овој вид на алтернативен туризам е се поактуелен и оваа планинска убавица која изобилува со пештери ќе привлекува странски туристи и љубители на спелеологијата.
Спелеолозите од „Bottom Time“ досега имаат откриено 4 суви пештери на Галичица и три подводни пештери, кои се во Албанија.
Во Самотската дупка која претставува фосилна речна пештера откриени се остатоци на коски за кои се верува дека се од палеолитот кои треба дополнително да се истражуваат.
Спеолозите планираат некои од пештерите да бидат мапирани и заштитени и да се најдаат во туристичката понуда на Охрид.
Инаку на Галичица има околу дваесетина пештери од нив неколку го зафаќаат и албанскиот дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.