Во Ирак денеска се обесени 36 лица кои претходно беа осудени за масакрот врз речиси 2.000 воени регрути од 2014 година, кои го сторија џихадистите од самонаречената Исламска држава. Тие беа прогласени за виновни за учество во масакрот „Спејчер“, кој така е наречен според воената база во близина на Тикрит, од која прво беа киднапирани а потоа и убиени 1.700 регрути, пренесоа француските медиуми.
– Во затворот Насирија утринава се погубени 36 затвореници осудени за масакрот Спејчер, потврди портпаролот на владината канцеларија во Дикар, провинција чиј глаевн град е Насирија.
Масакрот го извршија сунитските борци на ИД кога зазедоа значителен дел од територијата на северот од Ирак. Тие подоцна и објавија фотографи и видео снимки од масакрот. Масовните гробници беа откриени една година подоцна, кога ирачките сили повторно воспоставија контрола врз тој дел од земјата. Шокот заради масакрот главно на шиитски кадети ги поттикна ирачките шиитски сили да се ангажираат во борбата против ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.