Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски се уште на дава одговор на прашањето кој и за што му нудел мито.
Тој по ставот на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во која таа го повикува Жерновски да престане со политиканство и да пријави кој му нудел мито, одговори сосема друго.
Тој истакна дека против него се води кампања и таа ќе трае цел негов мандат.
Тој обвини дека власта ја води кампањата против него, поради тоа што тој застана на чело на Центар.
-Не можам да ја разберам нивната опсесија со Центар, рече градоначалникот Жерновски.
„За нас станува повеќе од јасно дека со својата изјава Жерновски, всушност, испрати порака до сите градежни фирми и останати компании, за тоа кој е начинот за соработка со него и Општина Центар. Жерновски сам, на овој начин, ги повика фирмите и им го покажа коруптивниот пат како да се соработува со него“, реагираат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ од актуелниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, дека власта е опседната со оваа општина и дека започнала хајка против него која ќе трае до крајот на неговиот мандат.
„Андреј Жерновски е фатен во својата лажна конструкција. Неколку дена зборува за сè освен за клучното прашање, кое му го поставуваат јавноста и експертите, а тоа е кои се луѓето или фирмите кои наводно му понудиле мито за соработка. Жерновски смисли илјада работи само за да го одбегне одговорот“, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
„На цела македонска јавност веќе ѝ е јасно дека Жерновски излажа, исто онака како што лаже и манипулира со сите останати теми. Жално е што цената на неговото евтино политиканство и неработа во следите години ќе ја плаќаат жителите на Општина Центар“, пишува во соопштението на партијата.
Оттаму предвидуваат дека во следниот период ќе се потврдат матните и коруптивни зделки на кои е спремен Жерновски со, додаваат, неговиот бизнис партнер Ристо Пенов и тесниот круг на нивни партиски и бизнис пријатели. Посочуваат дека откако седнал на градоначалничката позиција, Жерновски не работи на проекти од интерес на граѓаните, туку само на кочења, блокади, лажење и политички конструкции.
„Помина еден месец откако е градоначалник, а единствена активност му се препукувањата со нас и разгледување на една бандера во присуство на сите медиуми“, стои во соопштението на владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)