| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Токио: Осум девојчиња избодени во аквапарк

japan

Непознат сторител денеска со ладно оружје ранил најмалку осум лица во јапонскиот аквапарк „Токио самерленд“, што се наоѓа во предградие на престолнината, пренесе ТАСС. Сите поврдени лица се девојчиња на возраст меѓу 19 и 21 години. Тие се хоспитализирани со лесни телесни повреди.

Во моментов нема податоци за извршителот, кој незабележено им ги нанел раните на девојките кои се капеле во базените. Аквапаркот е меѓу најголемите во земјата и работи од 1970 година. Секој ден во него доаѓаат стотици посетители, а во деновите на викендот нивниот број значително се зголемува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top