Австралискиот модел Ејми Пејковиќ открила дека нијзиниот олимписки сон бил унипшен кога донзала дека има тумор на мозокот на свои 19 години. Професионалната скокачка во височина морала да биде оперирана, а за среќа докторите тоа го направиле успешно.
– Кога дознав само седев и збор на кажав 10 минути. Гледав во мојата мајка како разговара со докторите, раскажала Ејми.
Таа се присетила како ја облила ладна пот кога на снимката на нејзината глава докторите и покажале голема темна дамка.
Тoкму во тој период таа се спремала за настап на Олимписките игри, а истовремено работела и како фото модел.
– Никогаш не сум била така скршена како тогаш. Но сепак, не се предадов, додала таа.
Тогаш почнала нејзината борба, а во заздравувањето минала напорни тренинзи за да се врати во топ форма затоа што по операцијата изгубила 10 килограми и била преслаба.
– Се сеќавам дека едвај стоев на нозе кога излегував од болница.
Нејзиниот труд на крајот се исплател. Таа, најважно од се, сега е здрава и се надева дека ќе ја претставува Австралија на Олимписките игри во Токио во 2020. Сега работи како модел, и тоа многу успешно, и ги краси насловните страни на многу магазини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конечно откриено: Еве како туморот со толкава брзина се шири низ човековото тело
-
Лекари ѝ извадиле тумор од стомакот тежок 18 килограми
-
2.700 евра ја делат 14 годишната Ирина од настап на Олимпијадата во Токио, државата и општината ја одбија поддршката (видео)
-
Голем подвиг на лекарите, отстраниле тумор тежок 60 килогами!