| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: Сатанистички обреди снимени во дворот на најголемата научна институција ЦЕРН! (Видео)

На снимката има неколку луѓе со затемнети лица кои изведуваат обред за принесување на човечки жртви пред кипот на божицата Шива во дворот на центарот

DAB4A59F38B2314EBF586DCB1BCE0631

Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) покрена истрага по објавувањето на филмот, пародија за принесување на човечки жртви, снимен ноќе во нивните простории поради што се доведе под знак прашалник безбедносната на најголемата научна лабораторија во светот.

Снимката на интернет е поставена на 11 август, а покажува неколку луѓе со затемнети лица кои изведуваат обред пред кипот на божицата Шива во дворот на ЦЕРН.

– Видеото е снимено во внатрешноста на нашата зграда, но без наша дозвола и знаење. Покрената е внатрешна истрага, истакна портпаролката на ЦЕРН.

Теоретичарите на заговор, по објавувањето на филмот, тврдат дека во ЦЕРН се изведуваат ритуални жртвувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top