Олимписките игри се менувале со текот на годините, а многу дисциплини кои некогаш имале многу навивачи денес не ни знаеме дека некогаш постоеле.
Пукање во гулаби (1900 г.)
Кошмар на активистите за заштита на правата на животните, Околу 300 птици се убиени во оваа бизарна дисциплина, но за среќа се појавила само еднаш на Олимписките игри и никогаш повеќе.
Во оваа дисциплина се прославил Белгиецот Леон де Лунден, кој за титулата најдобар убил 21 птица.
Пливање со пречки (1900 г.)
Мајкл Фелпс соборува рекорди, а на овие ЛОИ ја зацврсти титулата на нанајуспешен олимписки спортист, Но, и тој би се намачил во дисциплината која како и претходната се јавува само еднаш на ОИ – пливање со пречки.
Имано, пливачите морале да се качуваат, да скокаат од чамец на чамец, а потоа да нуркаат под долга низа чамци. Оваа дисциплина била застапена на ЛОИ во Париз во 1900 година. Натпреварувачите пливале во реката Сена, па морале да се борат и со силната речна струја.
Победил Австралиецот Фредрик Лејн, кој на истите игри освоил и злато на 200 метри слободно.
Тегнење јаже (1900-192о)
Тегнење јаже на ОИ било во официјалната програма на пет изданија на Игрите, во периодот од 1900 до 1920 г.(ОИ не се одржале во 1916 година поради Првата светска војна). Во првите години бил дозволен настап на комбинирани екипи од повеќе земји и на повеќе екипи од иста земја.
Екипите се состоеле од осум натпреварувачи кои имале пет минути да ги совладаат противниците. Оваа дисциплина има долга историја, зашто уште старите Грци ја вивеле во оригиналните ОИ.
Ла кан (1924 г.)
Мечување со дрвени стапови, многу слично на мечувањето, но со друг тип оружје. Оваа вештина се развила во Франција во почетокот на 19 век како дел од самоодбрана за господа кои носеле стапови за одење.
Олимписка дисциплина била само еднаш во 1924 г.
Качување по јаже (1896 – 1932)
Качување по јаже е веројатно онаа вежба од физичко која ја памтите како кошмар од училишните денови. Кога се појавила првпат на ОИ, натпреварувачите морале да се качат 15 метри но смедните натпреварувања биле поблагикон натпеварувачите, па од нив се очекувало за златото да се изборат со висина од 8 метри.
Синхронизирано пливање (1984 – 1992)
Синхронизираното пливање и не е толку необично, но кога се натпреварува само еден спортист, малку е бизарно. Оваа дисциплина била воведена на ОИ во Лос Анџелес во 1984 година, а златото ѝ припаднало на Трејси Руиз.
Слично како и групното синхронизирано пливање напреварувачот прикажува некој вид балет во вода, а единствена разлика е што во базенот се наоѓа сам. Организаторите рекле тогаш дека бараат од натпреварувачот да се синхронизира со музиката наместо со членовие на својата екипа, како што е во групното синхронизирано пливање. По 1992 оваа дисциплина е исгрлена од ЛОИ.
Хокеј на ролери (1992)
Иако е многу сличен на хокејот на мраз, хокејот на ролери не ги освои срцата на спортската публика. Се појавил само еднаш на ОИ, во Барселона во 1992 г. Тогаш во финалето Аргентина ја победи Шпанија и со го понесе дома златото.
Кабади (1936 г.)
Овој спорт потекнува од Индија, а на ОИ се појавил само еднаш, во 1936 г.
Двајца натпреварувачи треба да преминат на непријателската страна на игралиштето, да се борат со противникот и да се вратат на својата страна.
Возење велосипед во тандем (1920 – 1972)
Возење велосипед во тандем првпат се појавило на ОИ во 1908 г. и се изведувало се до 1972 г.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите на ФИНКИ изработија нова едукациска алатка за учење историја
-
Бекер: Да имав можност да играм со Федерер на Вимблдон, сигурно ќе бев поразен!
-
Жежов: Република Македонија е исправена пред еден од најтешките предизвици од независноста до денес
-
Проф. Котлар: Можеме да зборуваме за заеднички процеси во одредени периоди со Бугарија, но не и за заедничка историја