| четврток, 6 декември 2018 |

Километарски колони на Евзони: Свирежи, пцости и нервоза, Европа се обедини против грчките цариници (ФОТО+ВИДЕО)

Службите на Автомото сојузот на Македонија утрово јавија дека сообраќајот на граничните премини за излез од земјава се одвива нормално, без поголеми задржувања, па граѓаните се охрабрија неделното кафе да го испијат покрај море.

Но, зажалија. Тие се револтирани од километарските колони на граничниот премин Богородица – Евзони.

granica guzva bogorodica

-Веќе два часа стоиме во место во меѓупросторот. На Богородица веднаш поминавме, нема застој, но никако да влеземе во Грција, вели наш читател кој сакал неделното кафе да го испие покрај море.

Тој вели дека има патници од цела Европа и дека сите се многу нервозни и нетрпеливи, особено оние од Велика Британија, кои цела ноќ возеле за да дојдат до грчките плажи, а сега со часови стојат во место на грчката граница.

-Овде е хаос, возила преминуваат по тревните површини сакајќи да фатат побрза лента, но таква лента, за жал, нема. Сите ленти стојат. Од време на време се служаат долготрајни свирежи упатени како револт кон грчките цариници, вели Aцо од Скопје.

 

granica guzva bogorodica

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top