Голема драма приредија двете ракометни полуфиналиња кај мажите на олимпискиот турнир во Рио.
Прво Французите се пласираа во финалето по победата над Германија со 29-28, со голот на искусниот Даниел Нарсис во последните секунди од мечот.
Второто полуфинале меѓу Данска и Полска беше уште понеизвесно.
Данците славеа со истиот резултат како и Французите, 29-28, но дури после одиграните продолженија, откако во регуларниот дел беше 25-25.
Натпреварот за бронзениот медал меѓу Германија и Полска на програмата е во недела од 15:30 часот, а финалето меѓу Франција и Данска во 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.